Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Улогата на предшколското воспитување во развојот на децата

Улогата на предшколското воспитување во развојот на децата

Во услови кои современиот живот ни ги наметнува, а тоа се брзо темпо и премногу обврски, дури и најдобро организираната семјна средина не може да ги исполни и задоволи сите потреби кои произлегуваат од самата природа на детето. Детето има потреба за нова, поширока социјална средина во рамки на која ќе се социјализира, средина во која се вклучени игри и активности со нивните врсници но и со возрасните.
Овие потреби може да ги задоволи предучилишната установа.
Градинките како установа имаат многу голем удел и влијание во развојот и воспитувањето на децата од предшколска возраст. Од друга страна и родителите имаат потреба од помош при негување, згрижување и воспитување на децата, токму во тој дел предшколските установи претставуваат одлично дополнување, но никако замена за семејното воспитување. Содржината, методите и организацијата на педагошките активности се клучните сегменти кои ја отсликуваат посебноста на добро осмислено и организирано предшколско воспитување.
Дневната содржина веќе е одредена со воспитно-образовниот програм за работа со деца, овој програм се одвива преку различни форми на активности, како пример: разни игри, задолжителни и насочени активности со одредена цел, индивидуална работа со деца кои имаат говорни или други потешкотии и посебен приод, внимание и труд во социјализирање и адаптирање на дечиња кои немаат искуство за однесување и прифаќање на социјалната средина. Сите овие процеси се реализираат преку набљудување и следење на манифестациите кај децата, бидејки тие на оваа возраст најдобро така покажуваат што чуствуваат, сакаат или имаат потреба.
Една од специфичностите на престојот и работата во предшколските установи е веќе утврдениот план и распоред на работа во текот на денот. Овој распоред опфаќа разноврсни активности, одредено време за одмор, исхрана итн.. Основното мото и принцип на работа на предшколските установи е тие во исто време да претставуваат животна и воспитна средина, а тоа значи дека постои одлична осмисленост и организација на просторот, опремен со потребниот дидактички материјал и играчки.
Физичкиот развој бара стимулација на сетилниот и моторниот развој за да се постигне спретност, прецизност и ефикасност на движењето. Специфичните задачи на интелектуалното образование во овој период се: развивање природна љубопитност на детето во однос на светот околу него, развивање на когнитивните и изразните способности (внимание, меморија, концентрација, имагинација, размислување, говорот како и математичко-логичко размислување). Естетското образование има задача да ја развива детската имагинација и креативност, да го развие чуството за доживување на убавината на природата на човековото творештво во областа на литературата за деца, музиката, сликовниците итн.