Приватната установа за деца -детска градинка LITTLE ME INTERNATIONAL PRICHOOL Скопје работи според Програмата за рано учење и развој базирани врз Стандардите за рано учење и развој ставајќи го главниот фокус на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на секое дете, задоволувајќи ги неговите потреби, интереси и индивидуални можности.
Холистичкиот пристап, на кој се базира развојот и учењето на детето од предучилишна возраст, се однесува на обезбедување на безбедна и сигурна околина за учење и развој, зајакнување на развојната подготвеност за училиште, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА СО ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 2-3 ГОДИНИ
Содржината на програмата за оваа возрасна група паралелно дава акцент на развојот на следниве аспекти од детската личност:
- Физички развој
- Социјален и емоционален развој
- Интелектуален развој
- Развој на говорот
- Когнитивен разво
- Раззвој на чувствата и перцепцијата
- Графичко-визуелен развој
Развојот на сите овие аспекти планирано и осмислено се постигнува преку континуирани и секојдневни активности во рамките на кои истите се испреплетуваат, надополнуваат и надоградуваат еден на друг.
Големо задоволство за тимот на воспитувач и неговател кои работат со децата од оваа возрасна група преставува :
- Утринската средба кога споделуваат позитивни емоции и насмевки
- Тековните дневни активности кога во уредно распореден ден и дневни активности успеваат да постигнат се‘( да играат, учат, читаат, раскажуваат, се‘ посамостојно ручкаат, се учат на самостојно вршење на физиолошките потреби, се мотивираат на говор и говорат, заспиваат...)
- Периодот после пладневниот одмор кога се повторно многу активни
- Периодот кога си заминуваат дома и кога има многу што да им е ракаже на родителите за изминатиот ден.