Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Програма

          Приватната установа за деца - детска градинка LITTLE ME INTERNATIONAL PRICHOOL Скопје работи според  Програмата за рано учење и развој базирани врз Стандардите за рано учење и развој ставајќи го главниот фокус на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на секое дете, задоволувајќи ги неговите потреби, интереси  и индивидуални можности.
Холистичкиот пристап, на кој се базира развојот и учењето на детето од предучилишна возраст, се однесува на обезбедување на безбедна и сигурна околина за учење и развој, зајакнување на развојната подготвеност за училиште, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.
 
          Оваа програма е наменета за возрасна група на деца од  9 месечна до 2 годишна возраст  и истата во континуирана работа со децата ја реализираат две лица – негователи со соодветно образование и стекната лиценца за вршење на деноста.
          Воспитно-образовната програма коа се реализира со децата ги опфаќа сите астекти од детската личност со посебен акцент на развивање на способности, навики , постапки и однесувања карактеристични за оваа возрасна граница.
          Начинот, содржините, посветеноста во изборот на методите и формите  преку кои континуирано се постигнуваат позитивни резултати во работата со децата под континуирано менторство од долгогодишен и искусен педагог  е вистински предизвик за тимот на негователи кои се одговорни за не повеќе од 5-7 деца поодделно.
 
          Содржината на програмата за оваа возрасна група паралелно дава акцент на развојот на следниве аспекти од детската личност:
- Физички развој
- Социјален и емоционален развој
- Интелектуален развој
- Развој на говорот
- Когнитивен разво
- Раззвој на чувствата и перцепцијата
- Графичко-визуелен развој

          Развојот на сите овие аспекти планирано и осмислено се постигнува преку континуирани и секојдневни активности во рамките на кои истите се испреплетуваат, надополнуваат и надоградуваат еден на друг.
          Големо задоволство за тимот на воспитувач и неговател  кои работат со децата од оваа возрасна група преставува :
- Утринската средба кога споделуваат позитивни емоции и насмевки
- Тековните дневни активности кога во уредно распореден ден и дневни активности успеваат да постигнат се‘( да играат, учат, читаат, раскажуваат, се‘ посамостојно ручкаат, се учат на самостојно вршење на физиолошките потреби,  се мотивираат на говор и говорат, заспиваат.....)
- Периодот после пладневниот одмор кога се повторно многу активни
- Периодот кога си заминуваат дома и кога има многу што да им е ракаже на родителите за изминатиот ден.
 
          Возрасна група на деца која од нас како градинка, како стручни лица, бара планирана, содржински богата, сеопфатна, во тек со времето, прогресивна, поттикнувачка, мотивирачка, самопотврдувачка ,креативна и динамична  програма за работа  прилагодена  кон секоја индивидуа која неа ја сочинува.
ЗОШТО?

          Затоа што , како и за сите возрасни групи, така и за оваа, тимот воспитувач/неговател, стручните лица и ние како менаџерски тим на градинката сме одговорни кон сите возрасти и и сите деца кои ни‘ се доверени.
          Затоа што нивниот успех е и наш успех.
          Затоа што нивниот напредок е и наш напредок.
          Затоа што ги сакаме, почитуваме и постоиме за сите деца на светот!!
          Покрај развојот на аспектите од детската личност на кој ќе биде даден посебен акцент, многу внимание се обрнува на дополнителните содржини- програми кои се наменети за оваа возрасна група и тоа:
- Спорт и спортски активности
- Креативни работилници
- Изучување странски јазик
- Музика и музички активности
- Јога за деца
- Биолошка школа и љубов кон природата
 
          Годината пред поаѓање во училиште за нас преставува неопходна, многу значајна година во која доколку детето претходно воопшто не посетувало градинка, не било социјализирано во друга социјална средина освен семејството, со директно поаѓање во училиште , многу истражувања покажале дека истото ќе покаже многу послаби резултати на секое поле (аспект) од неговиот развој.
          Од оваа причина ја препорачуваме оваа ПРЕДУЧИЛИШНА ПОДГОТВИТЕЛНА ПРОГРАМА,  која се реализира во две форми:
- полудневен престој
- целодневен престој

          Децата кои најмалку една година ја посетуваат градинката стануваат добро подготвени за во училиште. Тие лесно ќе ги прифатат училишните обврски и ќе можат брзо да се вклопат во новата средина и да покажуваат резултати со кои ќе се самопотврдат, самодокажат и ќе се почувствуваат како личности кои се дел од средината и околината во која живеат.