Во приватната детска градинка Литл Ми имаме друга перцепција кога во прашање е исхраната. Начинот на исхрана не претставува само внесување на разновидни и здрави намирници, туку истиот води кон побрза социјализација и осамостојување на дечињата, нови доживувања и нови искуства. Заедничките оброци со другарчињата од градинката помагаат на најприбирливите дечиња кога е во прашање храната со тоа што ги предизвикуваат да пробаат нови вкусови на храна, но и јадења кои пред доаѓањето во градинката одбивале да ги јадат.
Тимот на Литл ми е многу свесен дека правилната исхрана е еден од најзначајните фактори во животната средина, која влијае на здравјето но и на квалитетот на иднината кај секое дете, поради што Литл Ми многу големо внимание обрнува на квалитетот на исхраната за децата. Основна и најважна цел на правилната исхрана е да обезбеди кај дечињата оптимална количина на хранливи состојки, а преку тоа и правилен физички, интелектуален, емотивен и социјален развој.
Во приватната градинка Литл Ми менито на исхрана се менува на месечно ниво и е претходно испланирано, нормирано и енергетски избалансирано според потребите на дечињата од страна на признат и докажан нутриционист во нашиот регион и пошироко. Оброците се испланирани според возрасни групи и ги задоволуваат енергетските потреби во однос на нивните дневни активности. Изборот на храна е балансиран и содржи протеини, масти и јаглени хидрати, витамини и минерали во оптимален однос, преку што кај децата се обезедени сите хранливи состојки неопходни за правилен раст и развој.
Храната се подготвува во нашата кујна, опремена според HACCP стандарди, без користење на адитиви и конзерванси , на 100% природен начин и веднаш се сервира без дополнителни подгревања. Во исхраната се користи интегрален леб.
Располагањето со сопствена кујна ни овозможува да излеземе во пресрет на родители чии деца поради извесни здравствени состојби (дијабет, диети, алергии, безглутенска исхрана...) со тоа што се креира посебна листа на јадење која исклучително ги задоволува потребите на тоа дете.
Посебно внимание се посветува при сервирањето на храната што резултира со зголемен апетит кај голем дел од децата.
Преку планот на исхрана дечињата во текот на денот добиваат 3 главни оброци и 2 ужинки.
Распоред на оброци во текот на денот:
- Пред Појадок (адаптирано млеко, млеко или друг напиток по насока на родителот) 07:00-08:30
- Појадок 08:30-09:30
- Прва ужина 10:00-10:30
- Ручек 12:00-13:00
- Втора ужина 15:00-15:30
- Дополнителен оброк ( за дечињата кои остануваат подоцна од 17 часот во градинката) 17:00-18:00
Соработката со нутриционист ни овозможува успешно планирање и правилно спроведување на исхраната како и правилно комбинирање на намирниците. Како резултат на тоа во приватната градинка Литл Ми се обезбедува здравствено безбедна и хиенски исправна храна со максимално сочувани хранливи и биолошки вредности.