Можам ли да го погодам вистинското место?
23/07/2018 - 12:25
Може ли моето раче да фати топче?
Можам ли да го погодам вистинското место на топчето?
Дали ќе згрешам ако го ставам во погрешен отвор?
Децата иако не говорат - мнооогу размислуваат.
Потребно е да знаеме и умееме да ја забележиме, протолкуваме и на вистински начин да изреагираме на секоја експресија на детскиот лик.
Значајно е децата да почувствуваат дека ги доживуваме - со тоа ја храбриме нивната самодоверба.
Тоа го прават многу успешно стручните соработници од јаслената група.
Да ги охрабруваме и поттикнуваме децата.
#дететопредсè












