Посета на Просветно дело
Другарчињата од градинката Литл ми денес беа во посета на Редакцијата на издавачката куќа Просветно дело.
Беа пречекани од Г.ѓа Ксенија, Г.ин Попески и Г.ин Полазаров .
Во опкружување од безброј шарени, убави, весели и креативни изданија за најмалите поминавме прекрасни мигови во кои споделивме насмевки, поздрави и ведро расположение, но умеевме и да одговориме на многуте прашања поставени од нашите домаќини.
Во продавницата за книги нè пречекаа тетки со ведри насмевки, ни го покажаа сето богатство од книги, ни дозволија да поиграме и по некоја книга да си одбереме.
Ги поздравуваме другарчињата од нашата градинка кои денес со нас не беа и ги уверуваме наредниот пат да ни' се придружат бидејќи нема да погрешат.
Само добриот пример ги учи децата на добри нешта.
#дететопредсè













