Снегчето нè кани
25/07/2018 - 11:27
Снегчето бело нас нè кани
На дружење и игра
На игри насмеани!!
Ајде утре Снешко да правиме
И со снежни топки да фрламе
Весело да се смееме и
Топло чајче да пиеме
Секој со чизмички топли
Ракавички плетени
Шaлче шарено и
Топло капче од баба подарено!
Мамо и тато очекувајте слики,
Ремек дела од нашата дружина Литл Mи цела.
Природата нè кани на детски игри незаборавни.
#дететопредсè




