Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Обука за ефективни предучилишни воспитувачи

Педагогот на нашата градинка е дел од тимот на воспитувачи за колегијална поддршка кој во вторникот ја отпочна обуката за ефективни предучилишни воспитувачи поддржана од Британската амбасада, УНИЦЕФ и МТСП на Република Македонија.
Обуката ја реализира проф. др Ребека Гренџер - Елис, постдокторски истражувач и соработник на универзитетот Џон Хопкинс и на универзитетот Њу Орлеанс во САД.
Во улога на национални воспитувачи за колегијална поддршка, стекнатите знаења и искуства ќе треба да ги пренесат на останатите воспитувачи - колешки и воедно да ги имплементираат нивните знаења во ставање на социомоционалниот развој кај децата во фокусот на секојдневното работење.
Стимулативна средина не се купува - се создава. Таа треба да е нашата душа како воспитувачи, семејство, родители.
Заедно ќе го постигнеме најдоброто за нашите и Ваши деца.
#дететопредсè