Грижа за нашата околина
05/03/2019 - 12:08
Не мора четкичката да биде единствената која ќе си поигра со темперните боички.
Автомобилите се тие кои навистина премногу го загадуваат воздухот, но од друга страна пораката која ја испраќаат создавајќи заедно со детските раце прекрасни живописни и позитивни дела само нè потсетуваат колку многу треба да се грижиме за нашата околина.
Инаку денес разоткривме дека некои тела во воздухот може да летаат, но и дека воздухот може убаво или неубаво да мириса.
На активноста по англиски прекрасна дружба. Навистина среќни сме и среќа упатуваме.
#дететопредсè

































