Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Среќни имендени и родендени

Родендени- имендени...
Имендени- родендени...
Секој ден по нешто се слави,
ведри забави за другарчињата се прават.
Денес Матеј и Матеа имаа именден,
славеа, се радуваа, играа и потпевнуваа ,
имињата свои ги прославуваа!!
Децата прашуваат:
- Што е тоа именден?
Учителката мудро им раскажува:
- Секое име нешто значи. Ете, денес, своето име го слават сите кои се викаат Матеј и Матеа. Нивното име значи дека тие се еден прекрасен дар кој е тука со нас и меѓу нас, дар со кого сите ние играме, другаруваме, љубов споделуваме и треба сите меѓу себе внимателно да се чуваме.
Секој од нас вреди и значи многу и секој од нас многу значи за мама и тато, бато или дада, баба или дедо, за учителките и многу, многи, многу за другарчињата...
Од друга страна Мартин - другарчето наше, за својата сестричка радост споделуваше,
затоа што таа денес две годинки роденден прославуваше...
Ете, радост и дарови од сите страни, важно е да сме сите среќни, живи и здрави
СРЕЌНИ ИМЕНДЕНИ И НАЈСРЕЌНИ РОДЕНДЕНИ МИЛИ НАШИ
#дететопредсе'