Јави се сега +38971311 601  Емаил info@littleme.mk   Сподели на Фејсбук Инстаграм         

Мечето, верверичката и зајачето

Низ приказна да ги потсетиме дечињата да киваат и кашлаат правилно 
Мечето, верверичката и зајачето
Пролетта само што не затропала на нашата порта. Наутро пријатно мириса на убави цвеќенца и свежа тревичка , а од време навреме веќе се слуша зуењето на некоја бубачка.
Зајко веќе оддамна е буден и радосно растрчува низ блиската шума. Подрипнува, потскокнува, се врти напред - назад неможејќи да се изнарадува на убавото време кое допрва ни' доаѓа. По малку потпевнува, сакајќи да ја разубави тишината која владее наоколу.
Така рипкајќи се сретна со својата пријателка - верверичката.
Тоа утро и двајцата беа тргнале кон блиското изворче, да ги измијат рацете, лицето и запчињата за да бидат чисти.
- Здраво верверичке, пријателке моја драга!
- Здраво зајко! Се радувам што те сретнав. Ме радува што се грижиш за твоето здравје, миејќи ги често твоите раце, лице и запчиња.
Зајко скромно се насмеа и се заблагодари.
Додека меѓусебно си разговараа, неколку пати ,од убавиот мирис кој се ширеше низ шумата од расцветаните цвеќенца, од скоро никнатата тревичка, им надојде да кивнат:
- Аааапчих, кивна зајко во лактот!
- Ааааапчих, со смеење се надоврза верверичката велејќи му на зајко:- ааах зајко, си научил како правилно се кива. Ајде да ги научиме и другарчињата како правилно да киваат!!!!
Наеднаш од шумата се слушна гооолем тресок: Дум! Дум!
Зајко и верверичката се погледнаа и веднаш се досетија- Мецана се разбуди! Таа сигурно излезе од пештерата!!- меѓусебно си рекоа зајко и верверичката и веднаш се затрчаа.
Ја начекаа мецана како се протегнува и прозева велејќи:
- глаадна сум!
- многу ми се јаде!
Зајко и верверичката радосни дека полека се' се буди во природата веднаш ја понудија мецана со бадемчиња, оревчиња, лешничиња, морковчиња и некоја крушка...ноооо најпрво ја потсетија дека рацете не еднаш , туку многупати во денот треба да се мијат.....
Радосни на својата прва предпролетна средба, трите шумски другарчиња без да се гушкаат, песна си запеаа и почнаа да си играат...
...лепеа морковче со колаж хартија
... моделираа крушка од тесто и потоа ја боеа
..... играа игра" погоди кој сум?"
..... претураа плодови од една во друга торбичка
.... играа игра " најди го парот"
.... на весела детска песна со круни на глава играа шумско оро
..... за да можат малку да одморат, на тивка музика за одмарање уште еднаш побараа приказната уште неколку пати да им ја раскажете и да им покажете како се мијат раце, како правилно се кива
#дететопредсè