- Водич за успешно пополнување на документите
Почитувани родители откако ќе ја посетите нашата градинка и ќе одлучите да бидете наш корисник, ќе Ви биде предадена папка со комплетна документација од која еден дел Вие ќе ја пополните, а еден дел матичниот педијатар на Вашето дете.
Во интерес на точно и прецизно пополнување на документите (обрасци) Ви го даваме ова упатство:
- ВО “ДОСИЕ НА ДЕТЕ“
- страна бр. 1 – Вие ги пополнувате првите четири реда
- страна бр. 2 - насловена „Пријава за упис во детска градинка“ – во целост ја потполнувате Вие
- страна бр. 3 – насловена „Податоци за здравствена состојба на детето“ – ја потполнува матичниот педијатар на Вашето дете
- Двата примерока од договорот со градинката треба да бидат потполнети и потпишани од Ваша страна;
- Потребно е да приложите фотокопија од картонот за примени вакцини од здравствената книшка на детето или картон на имунизација доколку детето е вакцинирано.
- Во уплатницата треба да биде наведено име и презиме на детето и негов матичен број и истата треба да биде приложена уплатена.