ПРИВАТНАТА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА – ДЕТСКА ГРАДИНКА LITTLE ME INTERNATIONAL PRESCHOOL – СКОПЈЕ во пресрет на Вашата одлука Вашето дете или деца да бидат запишани во нашата градинка Ве информира и Ви овозможува период на адаптација на детето на просторот, условите, вработените, амбиентот на просториите каде ќе престојува. Впрочем, почитувани родители, пред вас е МАЛ ВОДИЧ низ адаптацијата на детето во новиот ритам на животот и престојување во колектив. Нашата желба е Вас и Вашето дете да Ве упатиме во сите детали на нашата идна соработка. Со вашето дете ќе работи стручен и лиценциран кадар (воспитувачи и негователи), како и стручен кадар – педагог, дефектолог, логопед, педијатар и стоматолог, кои се стручно оспособени за хигиена, нега, здравје, воспитување и образование на децата. Со поаѓањето на Вашето дете во градинка Вие добивате партнер во воспитувањето на своето дете – ГРАДИНКАТА . Наша заедничка цел треба да биде унапредување на психичкиот, физичкиот и интелектуалниот развој. Одвојувањето од домот и семејната средина е процес кој кога и да е од возраста на едно дете треба да се случи.Често сето ова е една трауматична ситуација како за детето така и за родителите и истата е исполнета со страв заради одвојување или страв од предизвикот и напорот кој родителите дополнително треба да го вложат со цел детето да се привикне на новонастанатата ситуација. Процесот на адаптација е индивидуален. Зависи од возраста на детето, од семејната атмосфера, од социјалните искуства на детето, од ставот на родителите кон градинката, од тоа колку позитивно влијание имаат бабата и дедото во семејството и чувањето на детето. Наспроти ова големо влијание во успехот на адаптирање има градинката, нејзиниот капацитет да понуди добар пакет на услуга , услови, стручност и знаење за да процентот на успешни адаптации биде скоро приближен на 100 проценти. Можни реакции на детето при адаптацијта би биле:
Значаен податок кој секој родител треба да го знае и со истиот да се охрабри е дека најголем процент од децата одлично се адаптираат. Очекуван период на адаптација е помеѓу една до две недели. Наша препорака е детето на почетокот, додека трае адаптацијата, да останува помеѓу половина до еден час и тоа со постепено зголемување на времетраењето на адаптацијата. Исто така голема препорака кон Вас, почитувани родители е дека адаптацијата како процес не треба да се прекинува особено од причина што го отежнува процесот на натамошно адаптирање, едноставно прави регресија во тој процес. |



